Top Sport

Бој Џорџ застана во одбрана на Хамилтон

„Јавниот линч“ на Луис Хамилтон не престанува, по што доби поддршка од контроверзниот британски пејач Бој Џорџ.

Сè започна откако 32-годишниот четирикратен Ф1 шампион на Божиќ сподели видео во кое се потсмева со одлуката на неговиот внук да носи фустан на принцеза, порачувајќи му дека „момчињата не прават така“.

По ова британските таблоиди влегоа во остар напад на Хамилтон, а бесот на ЛГБТ заедницата се префрли и на Твитер, каде што веќе неколку дена се потсмеваат со стилот на облекување на Хамилтон и го обвинуваат дека ја „поминал линијата“.

Бој Џорџ, авторот на славната „Карма камелеон“, кој во текот на 1980-тите ги бунеше музичките фанови со својот изглед и својата сексуалност, вели дека треба да се престане.

„Да му дадеме малку пауза на Луис Хамилтон. Многу полоши работи се кажуваат секој ден од многу полоши луѓе со многу помалку стил. Луѓето прават грешки и така учат. Доста беше“, напиша Бој Џорџ на Твитер.

„Хајка“ против Хамилтон, кој и така нема добар стил на облекување

Scroll to Top