Македонскиот шампион МЗТ Скопје загуби со 105:80 на гостувањето кај Задар за да останат на последното место во АБА лигата и со пораз да стават крај на проблематичниот втор дел од годината.
Домашниот тим направи голема предност уште во првата четвртина (32:14), по што рутински стигнаа до нова победа во регионалното натпреварување.
Минчев беше најефикасен кај МЗТ со 17 поени, по 16 имаа Лалиќ и Марва, а Стојановски уфрли 12 поени. Џошуа Босник за Задар имаше неверојатни 8 тројки и постигна вкупно 38 поени.