Кристијано Роналдо неколку пати изјавуваше дека тимот на Реал Мадрид е многу послаб од минатата сезона по заминувањето на некои клучни играчи, а со тоа очигледно се согласуваат и читателите на „Марка“.
Според шпанскиот весник, дури 79 отсто од навивачите на „Лос бланкос“ сметаат дека составот е ослабен, а само 5 отсто сметаат дека имаат посилен тим. Од Реал си заминаа Хамес Родригез, Алваро Мората и Пепе, а на нивно место има некои млади момци кои уште не добиле целосно шанса – Тео Ернандез, Дани Себалјос, Маркос Лјоренте, Борха Мајорал и Ашраф Хакими.
Сепак, ова не значи дека Реал ќе потроши милиони во јануарскиот преоден рок. Се верува дека европскиот шампион бара барем едно засилување во текот на зимата бидејќи разликата од 14 поени од Барселона е огромна. Реал би сакале нов напаѓач, и ако постои опција централен дефанзивец, но сумите вртоглаво раснат – Ливерпул плати 85 милиони евра за Виргин ван Дајк. Останува да се види дали „Лос бланкос“ ќе се одлучат за привремени решенија и ќе почекаат во текот на летото да донесат некоја голема ѕвезда.