Поранешниот двократен Формула 1 шампион, Мика Хакинен вели дека младиот Макс Ферстапен бил најдобриот возач во сезоната која измина, приклучувајќи се на сè поголемата група фанови на асот на Ред бул рејсинг.
„Ферстапен најмногу се истакна минатата сезона бидејќи е навистина возбудливо да го гледаш. Победите во Малезија и Мексико покажаа дека тој и тимот стануваат сè посилни, така што Мерцедес и Ферари треба да ’внимаваат’ во 2018 година“, вели Хакинен.