Немања Матиќ е подготвен да игра на било која позиција е потребен во Манчестер јунајтед и на која позиција ќе побара Жозе Мурињо.
29-годишниот српски интернационалец дојде од Челси за 40 милиони евра за да игра на позицијата во средината на теренот, но на последниот меч против Барнли играше како централен бек и вели дека тоа не му пречело. Напротив, ако е потребно тој е подготвен да го замени и Давид де Хеа меѓу диреците.
„Секако, сакам да играм во средниот ред, но морам да му помогнам на тимот и ако тренерот сака да играм на било која позиција, јас сум тука. Дури и како голман, иако се надевам дека тоа нема да се случи. За мене е важно да играм, не е важно на која позиција“, вели Матиќ за официјалниот веб-сајт на Манчестер јунајтед.
Иако е тешко да се очекува дека Матиќ ќе го замени својот сонародник Немања Видиќ, тој го следи во наградите – третпат во последните четири години ја доби капитенската награда во Србија, која ја бираат капитените во српската прва лига.
„Наградата се доделува од 1970 година, така што е позната награда и среќен сум што ја добив. Посебно значи што капитените гласаа за мене“, вели Матиќ.