Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар, се повреди во тркот на натпреварот помеѓу Бенфика и Виторија Стеубал, во Купот на Португалија.
Натпреварот заврши без победник 2:2, а голманот нема по добро да го памети овој натпревар.
Свилар имаше добра интервенција во 29.минута, кога спаси сигурен гол. Бранејќи го обидот на противничкиот напаѓач тој со главата уди во дирекот. Виторија во продолжение на акцијата постигна гол.
Голманот бранеше уште седум минути, а потоа побара измена.
Миле Свилар во Бенфика пристигна од Андерлехт, а сезонава стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите кој започна натпревар.
Голманот кој е роден во Белгија и бранел за младите селекции на оваа земја, најави дека во сениорска конкуренција ќе го облече дресот на Србија.