Барселона и Јувентус подготвуваат размена по принципот „играч+кеш“. Јувентус го бараат Иван Ракитиќ и пари за да го испратат на „Ноу Камп“ Федерико Бернардески.
„Скај Спорт“, повикувајќи се на информациите на новинарот Џанлука Ди Марцио, пишува дека Барселона го понудиле Ракитиќ и 10 милиони евра во замена за Бернардески.
Според истиот извор Јувентус се заинтересирани за Ракитиќ, но барале Барселона да го дуплира паричниот износ.
Јувентус пред три години за Бернардески платија 40 милиони евра, а бидејќи е крилниот напаѓач седум години помлад од Ракитиќ бараат и 20 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека веројатно до крајот на преодниот рок клубовите ќе ги договорат деталите од размената.