Поранешниот репрезентативец на колумбија во фудбал, Џон Вијафара е екстрадиран во САД, каде е обвинет за шверц на дрога. Обвинителството во Тексас го обвини Вијафара дека организрал пратка на кокаин од Колумбија. Истрагата за овој случај се води три години. Вијафара бил уапсен минатата година по потерницата издадена од САД. Тој се изјаснил дека е невин.
Според обвинението Вијафара успеал да внесе во САД две тони кокаин во вредност од 21 милион фунти. Откако бил уапсен во Колумбија тој во притвор минал десет месеци.
Колумбиските власти со мал авион и со полицика придружба го екстрадирале во САД. Вијафара со лисици на рацете бил фотографиран на аеродромот во Богота.
Во кариерата Вијафара играл за неколку клубови, меѓу кои и за Портсмут и Саутемптон во Премиер лигата.