Хрватска во неверојатно драматичен меч се пласираше во финалето на Европското првенство во ракомет, откако Жељко Муса во последните секунди од четвртото продолжение од 5 минути постигна гол за 29:28 победа, предизвикувајќи бура на клупата. Селекторот Лино Червар едвај се созеде да даде коментар за една од неговите најголеми победи во кариерата.
„Не знам како да им се заблагодарам. Ова беше херојски натпревар, каков што ретко се гледа. Подраматично од тогаш кога бевме светски шампиони во Португалија. Не знам што да кажам, десет години не бевме во финале, ја имав таа чест и во 2010 година. Нашиот ракомет уште не е умрен. Премногу сум под емоции и заслугата е на играчите, а не моја. Јас сум среќен. Со Германија беше драматично, ова беше полошо. Овие момци покажаа дека нема пораз до крајот на мечот и дека се исплати да се борите. Тоа е страшна порака. Мислев дека ќе се простам без медал, но момците ми кажаа дека тоа е за мене“, изјави Червар.
Хрватска по невидена драма преку Норвежаните во финале по 80 минути ракомет! (видео)