Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ порача дека никогаш во неговиот клуб не би донел фудбалер кој е хомосексуалец, а отиде понатаму и додаде дека жените не треба да се мешаат многу во фудбалот.
„Не поради моето личното мислење. Сепак, ние сме раснети во патријархален, традиционале и православен дух и таков играч не би се чувствувал пријатно во таква околина“, изјави Терзиќ во интервју за Мондо.
Според него, на жените им е место на трибините и пред ТВ екраните како навивачи, но не и во раководството на клубот.
„Мислам дека фудбалот е машка игра и дека им припаѓа на мажите. Жените не го разбираат фудбал како спорт и како бизнис. ФИФА не мисли така и има интерес што повеќе жени да го сакаат фудбалот. Секако, и јас би сакал девојки на трибините, но не во водството на клубовите. Освен ако не се работи за финансиите и маркетингот“, додаде Терзиќ.