Top Sport

Рекордот на Венгер „зачинет“ со контроверзен пенал и реми (видео)

Во последниот фудбалски меч во старата година, Арсен Венгер го прослави својот 811. меч во Премиер лигата со бес, откако со доцен пенал, Вест Бром стигна до 1:1 реми против „топчиите“.

Венгер, кој го сруши рекордот на Сер Алекс Фергусон, реагираше луто на одлуката на судијата Мајк Дин да го казни играњето со рака на Калам Чејмберс само пет минути откако Алексис Санчез ги доведе Арсенал во водство.

Протестите на играчите на Арсенал продолжија по крајот на натпреварот, откако им „излетаа“ два поени, но „топчиите“ сами беа виновни што мечот не го решија полесно и порано.

Албион пак, како награда за поенот добија „кревање“ од последното место на табелата, иако со ист број на поени со Свонси, со подобра гол-разлика. Албион сега немаат победа во 19 меча во лигата, и новиот тренер Алан Пардју ќе се обиде да го „реши“ тоа против Вест Хем во вторник, тим кој е на едно место пред нив.

Scroll to Top