Се сеќавате ли на Кинси Волански? Оваа девојка во јуни минатата година го прекина финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем. Тогаш стана планетарно полуларна.
Синоќа таа се појави на ноќниот слалом во Шладминг. Во моментот кога Италијанецот Алекс Винатзер влегуваше во целта тука беше и Волански. Таа е девојка на популарниот Ју-тјубер Виталиј.
Во костим за капење таа трчаше по целта со транспарент во рацете на кој пишуваше „Р.И.П Коби Брајант“.
Очигледно Кинси не бира момент за да ја зголеми својата популарност. Неа на „Инстаграм“ ја следат 3,4 милиони луѓе.
Инаку традицоналниот ноќен слалом во Шладминг заврши со победа на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен.