Некогашниот ас на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Пол Инс смета дека Премиер лигата сезонава не е квалитетна како што била во минатото. Според него тимот на Манчестер Јунајтед од средината на деведесетите години од минатиот век без проблем би ги надиграл актуелните лидери Ливерпул.
Ливерпул нема конкуренција во Премиер лигата оваа сеозна. Тимот на Јирген Клоп има само едно реми и 22 победи. На врвот со натпревар помалку Ливерпул имаат 16 поени повеќе од Манчестер сити.
„Црвените“ ги воодушевуваат сите со своите игри, но Инс не е импресиониран, смета дека останатите тимови се слаби, односно дека Премиер лигата е далеку под нивото не кое што била некогаш.
„Иако Премиер лигата е најуспешен фудбалски бренд во светот, искрено чувствувам дека е преценет квалитетот на лигата. Не е толку добар како што мислат луѓето“, рекол Инс.
„Она што го прави Ливерпул во последните две-три години е фантастично, но фактот дека на половина од сезоната имаат 30 поени повеќе од еден Манчестер Јунајтед, ја потврдува мојата теза дека во моментов Ливерпул има слаби ривали. Ги следам Ливерпул, навистина играат добро, тоа може да се каже и за Манчестер сити, но не и за останатите тимови. Многу осцилираат. Погледнете ја статистиката на Јунајтед на дуелот со Вулвс во ФА купот. Немаа шут во рамките на голот! Еј, а зборуваме за Манчестер Јунајтед! Што се случува тука?“, се прашува поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“.
„Значи, не сакам ништо да им оспорам на Ливерпул и Манчестер сити, само мислам дека имаат лесна задача оваа година. Имаат систем што функционира и поради тоа се понапред од другите, но искрено чувствувам дека тимот на Манчестер Јунајтед од 1994 година во кој играв, без проблеми и на едните и на другите би им создал главоболки“.
Пол Инс смета дека во негов време, во Премиер лигата играле подобри фудбалери.
„Иако во англискиот фудбал во последните години влегоа големи пари, во мое време имаше повеќе квалитет. Колку сјајни играчи гледаме во англиските тимови, со исклучок на Ливерпул и Манчестер сити? Не премногу“, заклучил Инс.