Весникот „Марка“ кој традиционално е наклонет кон Реал Мадрид, во анкетата во која читателите го избираа најдобриот фудбалер во 2017 година, го избра Лионел Меси. Аргентинецот надмоќно е прв, бидејќи за него гласале 63.000 читатели на овој влијателен спортски весник.
Readers of Pro Madrid paper Marca, vote Messi as the best player of 2017. Congrats Leo. pic.twitter.com/4dFyg4EcFQ
— DOUBLETREBLE WINNERS (@messileftfoot) January 1, 2018
„Тешко е да се опише играта на Меси минатата година. Во 2017 година ја освои својата четврта „Златна копачка“ со 37 гола во Ла Лига, а сезоната ја заврши со 54 гола и 19 асистенции и оваа сезона е на добар пат да постави нови рекорди“, стои во текстот на „Марка“.
Меси добил 56 отсто од гласовите, а Кристијано Роналдо кој ја доби „Златната топка“ освои 25 отсто од гласовите, а интересно трет е фудбалерот на Реал, Иско, а четвртото место го поделија Лука Модриќ и Хари Кејн.