Дрис Мертенс во финишот на преодниот рок би можел да го напушти Наполи. На „Сан Паоло“ стигнала понуда од Челси за услугите на белгискиот репрезентативец.
Челси за 32 годишниот напаѓач, чии договор истекува по завршувањето на сезоната, понудиле 5,5 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, до крајот на денот ќе треба да реши дали ќе му дозволи на Мертенс да го напушти клубот.
Од почетокот на сезоната Мертенс настапил на 22 натпревари на кои постигнал девет гола. Во кариерата, како фудбалер на Наполи, одиграл 300 натпревари, постигнал 118 голови.
Дрис Мертенс покрај Наполи настапувал за ПСВ Ајндховен, Утрехт, Апелдом и Алст.