Нереализираниот трансфер на Седрик Бакамбу во Барселона е нај чудната приказна во зимскиот преоден рок кој завршува вечерва на полноќ. Барселона очајнички бара напаѓач од моментот кога им стана јасно дека Луис Суарез поради повреда ја заврши сезоната.
Неколку имиња се поврзуваа со клубот од „Ноу Камп“, од Родриго Морено, преку Лорен Морон до Душан Тадиќ.
Четвртата опција бил Бакамбу поранешниот напаѓач на Вилјарела кој од 2018 година го носи дресот на Пекинг Гуан. Фудбалерот се наоѓа во Сеул каде неговиот тим треба да игра на тпревар во Лигата на шампионите на Азија.
Во Сеул тој добил повик од спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал. Идејата на Абидал била да Бакамбу да настапува како позајмен игра до крајот на сезоната.
Фудбалерот роден во Франција, а кој како сениор игра за репрезентацијата на ДР Конго, бил подготвен да одговори на предизвикот, се согласил дури да игра и за помала плата. Тој веднаш го напуштил Сеул и се упатил кон Хонг Конг за да фати авион за Европа.
Во Хонг Конг повторно се слушнал со Абидал кој му кажал дека трансферот нема да биде реализиран.
На сета мака Бакамбу стигнал да се пошегува на своја сметка, на „Твитер“ тој го замилол уредништвоѕо на специјализираниот портал за трансфери „Трансфермаркт“ на неговиот профил да допишат „за малку играч на Барселона“.
На крајот Бакамбу повторно се вратил во Сеул.