Top Sport

Антиќ: 2011 беше клучна за мојата кариера

Перо Антиќ кошаркарот на годината во изборот на Македонската кошаркарска федерација во интервју за весникот „Блиц“, открива кој бил пресудниот момент во неговата исклучително успешна кариера.

„По завршувањето на Европското првенство во 2011 година каде мојата Македонија играше во полуфиналето потпишав договор со агенцијата на Мишко Ражнатовиќ и тогаш се се смени во мојата кариера. Одбравме помал договор од она што тогаш можев да добијам и заминав во Олимпијакос кај Дуда Ивковиќ. А кога ќе минеш низ школата на Ивковиќ и Жељко Обрадовиќ тогаш сепак се сериозен играч и потоа те бараат големите тимови“, рекол Антиќ.

Играчот кој во кариерата има три титули во Евролигата, две со Олимпијакос и една со Фенербахче, потенцира дека во неговиот случај сериозноста дошла со годините.

„А бев и во лудите години, проблематичен. Баш бев проблематичен, ми беше забавно да правам некои глупости на теренот. Сега не би бил тој Перо Антиќ. Имав среќа да не за… и да научам нешто“, дополнил 35-годишниот крилен центар.

По новогодишните празници Антиќ со Црвена звезда влегува во пеколен натпреварувачки ритам. Вечерва Црвена зввезда ќе ја пречека Олимпија во АБА лигата, а на 5 јануари во Евролигата ќе игра против Жалгирис.

Scroll to Top