Top Sport

Ракометарите ќе играат две контролни средби во Белград

По паузата поради новогодишните празници, најдобрата македонска машка репрезентација во вторникот ги продолжи подготовките за Европското првенство, кое на 12 јануари ќе започне во Хрватска.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес ќе тренираат денес и утре во Скопје, а в четврток ќе заминат за Белград, каде што ќе одиграат две контролни средби, со Саудиска Арабија (4 јануари) и со Србија (5 јануари).

Раул Гонзалес во Србија на располагање ќе има 19 играчи. Од оние што тренираат во Скопје за Белград нема да патуваат голманот Мартин Томовски и Горан Крстески.

По мечевите во Белград, репрезентацијата ќе се врати во Скопје каде што ќе ги одржи финалните подготовки пред заминувањето за Хрватска и првиот меч против Словенија на 13 јануари во Загреб.

Scroll to Top