Организаторите на Светскиот рели шампионат (ВРЦ) размислува за рели-трки од два дена доколку се оствари проширувањето на календарот на 16 трки.
Чиле и Јапонија се меѓу земјите кои се заинтересирани за ВРЦ трка, и промотерот на шампионатот, Оливер Сиесла сака календарот да порасне од сегашните 13 трки на 15 или 16 веќе следната сезона. ВРЦ имаше 16 трки од 2004 до 2007, но поради финансиските и логистичките побарувања беше намален бројот на трките.
„Не се исклучува можноста да ги скратиме трките, но тоа е стратешка работа за која треба да се размислува. Ако зборуваме за кратење на едно или две релија нема да има смисла, но ако ги скратиме сите, тогаш ќе можеме да спасиме 15 или 16 дена, што се на пример две недели во хотел, што е голем трошок“, вели Сиесла за „Аутоспорт“.