Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон ќе отвори ранч од 4.000 метри квадратни за одгледување марихуана, откако Калифорнија ја легализираше дрогата за лична употреба.
Заедно со двајца бизнис партнери, „Тајсон ранч“ ќе се отвори на 100 километри југозападно од националниот парк „Долина на смртта“, и на него одгледувачите ќе можат да се грижат за својот посев, а ќе има и школа за одгледување.
Тајсон, порано познат како „Најопасниот човек на светот“, е долгогодишен поддржувач на медицинската марихуана, но и познат како уживател. Иако заработи стотици милиони долари од боксот, „лудиот“ период од 1990-тите и 2000-тите го банкротираше поранешниот светски шампион и тој имаше неколку обиди со бизниси да врати дел од богатството.
Се очекува Калифорнија да биде „совршено место“ за бизнис со марихуана, откако стана шестата американска држава која целосно ја легализираше дрогата за луѓе над 21 година. Секој сега може да си одгледува до шест билки и да поседува една унца (околу 28 грама).
#MustWeed Mike Tyson Preparing to Revolutionize Marijuana Industry, Breaks G… https://t.co/BAmf7596xF #Cannabis #Stocks & #Crypto pic.twitter.com/SIanfR3Z1g
— #FORTUNE420.COM® (@Fortune420Group) January 1, 2018