Реал Мадрид освои пет трофеи во 2017 година, така што никого не изненадува што дури четири нивни играчи се најдоа во идеалните 11 на францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Кристијано Роналдо, Марсело, Серхио Рамос и Лука Модриќ се во тимот од „Лос бланкос“, Лионел Меси и Нејмар му се приклучуваат на Роналдо во нападот, додека двајца колеги на Бразилецот од ПСЖ, Единсон Кавани и Дани Алвеш исто така се во тимот. На голманската позиција нема изненадување – тука е ветеранот Џанлуиџи Буфон, а во тимот уште се бекот Матс Хумелс и играчот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте.
Интересно е што во тимот на годината на „Л’Екип“ нема место за англискиот голгетер на Тотенхем, Хери Кејн.