Советникот на Ред бул, Хелмут Марко признава дека во договорот на Макс Ферстапен со тимот постои клаузула со која талентираниот Холанѓанец може да си замине пред крајот на пет години.
Бидејќи никој од големите производители вклучени во спортот, вклучувајќи ја и Хонда, нема потврдено дека ќе биде во Формула 1 по 2021 година, а Ферстапен несомнено има шампионски амбиции, во договорот на Холанѓанецот постои клаузула со која тој мора да победи барем на една ГП трка во сезоната за да остане во тимот.
Марко, кој му беше ментор на Ферстапен преку академијата на Ред бул, вели дека е сигурен дека Хонда ќе остане.
„Имаме договор со Хонда до 2021 година, а ако останеме без мотор во иднина ќе имаме компликувани планови. Јасно е дека мораме да имаме конкурентен мотор за да го заддржиме Ферстапен. Сепак, за нас тој договор со него е доволен бидејќи дава стабилност на тимот и неверојатна мотивација. Нашата голема цел за Макс е да го направиме најмлад Ф1 шампион“, вели Марко.