Лука Јовиќ, фудбалерот за кој Реал Мадрид плати 60 милиони евра во текот на летото, не ги исполни инаку огромните очекувања на навивачите на „кралскиот“ клуб и самиот признава дека е свесен за тоа.
Додека во Ајнтрахт Франкфурт беше постојан голгетер, на „Сантијаго Бербнабеу“ во еден од најголемите клубови на светот, ситуацијата е поинаква и самиот Србин го признава тоа.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека не сум задоволен. Прво, бидејќи знам дека можам многу подобро. Понекогаш ги гледам снимките на Јутјуб од мината сезона и се прашувам: ’Што се случува?’. Реал Мадрид е фантастичен клуб, но и на поискусните фудбалери понекогаш им е тешко да се навикнат на таа игра, а не на мене на 21 година. Притисокот е навистина преголем, но се борам, засега без успех. Уште чувствувам негативна атмосфера кога зборувам за играњето во Реал, но мислам дека ќе покажам дека имам квалитет за овој тим и дека не се предавам“, вели Јовиќ во интервју за српската телевизија, откако од пристигнувањето во Реал има еден гол и една асистенција.