Top Sport

Барсегјан: Само тимската игра ќе ни донесе позитивен резултат

Фудбалерите на Вардар утревечер ќе ги одмерат силите со Реал Сосиедад во рамките на третото коло во Лига Европа.

Во пресрет на натпреварот еден од најдобрите вардарови фудбалери Тигран Барсегјан смета дека доколку тој и соиграчите ги исполнат задачите кои ќе ги добијат од тренерот Чеде Јаневски дека можат да забележат победа.

„Сметам дека утре ќе биде добар натпревар. Сите знаеме што значи за нас овој меч. Ќе играме со срце и ќе сториме се за добар резултат. Реал Сосиедад е добар тим и има добри играчи. Нема да не залаже тоа што примаат голови во последно време. Очекувам публиката да биде нашиот 12 играч и да ни даде поддршка. Ако ги исполниме задачите од нашиот стручен штаб, мислам дека можеме да победиме. Без разлика на тоа каде и да играм, јас сум подготвен да дадам максимум. Важно е да одиграме тимски, затоа што фудбалот е колективен спорт и верувам дека таа колективна игра ќе ни донесе резултат“, изјави Ерменецот.

Вардар во првите две кола забележа два порази од Зенит и Копенхаген, додека Реал Сосиедад има победа над Копенхаген и пораз од Зенит.

Дуелот на „Филип Втори“ утре ќе започне во 19 часот.

foto/fkvardar.mk

Scroll to Top