Top Sport

Нова повреда за Дембеле – го скинал бутниот мускул

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека Усман Дембеле повторно го повредил бутниот мускул на десната нога и дека ќе мора повторно да отсуствува од тимот.

Дембеле се повредил на тренингот во понеделникот. Инаку тој штотуку се врати во тимот по повредата на препоните поради која не играше од ноември минатата година.

Клубот не соопштува колкава пауза го очекува Французинот. Некои шпански медиуми шпекулираат дека поради најновата повреда Дембеле веќе ја завршил сезоната.

Барселона за Дембеле платија 125 милиони евра во 2017 година, а тогаш 20 годишникот доби фиксна плата, без бонуси, од 12 милиони евра.

Две и пол години подоцна инвестицијата на Барселона се покажува како катастрофална. Дембеле има одиграно само 74 натпревар на кои постигнал 19 гола и забележал 17 асистенции..

Само во последната година тој бил повреден 11 пати.

Новинарот на каталонското радио и телевизија, Франсеск Гарига, пресметал дека Дембеле во Барселона е 889 дена, а 350 дена се лечел од разни повреди.

Scroll to Top