Top Sport

Бока Јуниорс ја тужи Барселона

Фудбалските клубови Бока Јуниорс и Барселона ќе завршат на суд поради младиот фудбалер Сантијаго Рамос Минго. Аргетнинскиот великан тврди дека 18 годишникот немал право да направи трансфер во Барселона.

„Ќе видиме кој е одговорен за ваквото работење бидејќи нашиот играч не може да биде слободен. Правно, ние сме во позиција да тврдиме дека тој е наш фудбалер. Нашите адвокати работат на овој случај“, рекол првиот човек на бока Јуниорс, Хорхе Анхел Амеал.

Рамос Минфо во ноември наполнил 18 години и со тоа стекнал параво да потпише договор со клуб од Европа.

Барселона во вторникот објави дека Минго е нов играч на клубот и дека тој ќе настапува за Б-тимот. Фудбалерот на промоцијата бил облечен во дрес на Барселона.

Меѓутоа како сега стојат работите спорен е трансфер на Минго.

Scroll to Top