Матео Ковачиќ во интервју за фудбалскиот магазин „4-4-2“, упатил низа комплименти за работата на Френк Лампард. Смета дека тренерот внел многу позитивни работи во Челси.
„Максимално е посветен на она што го работи, а неговиот карактер е инспирација за сите во клубот. Неговите тренинзи се интересни, иновативни, не се здодевни какви што беа кај Маурицио Сари. Кај него секогаш работевме исти работи. Лампард работи слично како што работи Зидан во Реал“, рекол Ковачиќ.
Хрватот е играч на Челси од 2018 година кога пристигна како позајмен играч од Реал, минатиот јуни „сините“ го откупија неговиот договор за 45 милиони евра.