Top Sport

Препорака е ГН на Кина да биде одложена

Спортските власти во Кина препорачале да запрат сите спортски настани во Шангај. Поради овие препораки под знак прашалник е одржувањето на трката во Формула 1, Големата награда на Кина.

Трката во Шангај на програмата е на 19 април, но челниците на Формула 1 и градот Шангај ќе мора да ја преиспитаат оваа одлука.

Во соопштението на Спортската асоцијација на Шангај се препорачува да се „формулира план за превенција од епидемија“ и да се примени „систем на секојдневно управување со хигиената“.

Барем засега првите луѓе на Формула 1 не се огласиле, но познато е дека календарот оваа сезона е густ, бидејќи ќе се возат 22 трки.

Scroll to Top