Top Sport

Рамос жестокот го пцуел Едегард

Ден по поразот на реал во Мадрид од Реал Сосиедад (3:4) во четврт-финалето на Купот, во јавноста се појави снимка на која се гледа како Серхио Рамос сочно го пцуе противничкиот играч Мартин Едегард.

Младиот Норвежанец Едегард инаку е играч на Реал кој оваа сезона игра на позајмица во тимот од Сан Себастијан. Едегард го постигна првиот гол на мечот, но не го прослави.

Едегарт жестоко го налутил Рамос поради грубиот прекршок во 11 минута, поради што доби жолт картон.

„Едегард, Едегард! Да и се по….м во мајка ти“, се дере Рамос, додека 21 годишникот му се извинува и му објаснува дека намерата му била да ја однесе топката.

Мартин Едегард игра одлична сезона веќе има учинок од шест гола и осум асистенции. Реал имаат намера да го вратат во Мадрид по завршувањето на сезоната, меѓутоа Едегард планирал уште една сезона да остане во Сан Себастијан. Убеден е дека во Реал Сосиедад ќе игра многу повеќе не го во „кралскиот клуб“.

Scroll to Top