Џовани Симеоне не верува дека тимот на Интер е во криза, и ветува дека еден ден неговиот татко, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего ќе биде нивни тренер.
Напаѓачот на Фиорентина ќе се судри со „нераѕурите“ овој викенд во последниот меч пред зимската пауза во Серија А и очекува тежок меч иако Интер по краткиот престој на првото место во Италија, имаа лоша низа.
„Не мислам дека се во криза. Интер се многу силен тим и имаат голем напаѓач во Мауро Икарди. Не знам како можете да кажете дека Интер е слаб тим. Мораме да ги почитуваме бидејќи ќе дојдат во Фиренца по три поени. Исто така немам гол против ‘нераѕурите’, иако постигнав голови против повеќето големи тимови“, вели 22-годишниот Симеоне.
Диего Симеоне дел од кариерата помина во „Бенеамата“, и неколку пати отворено зборуваше за можноста да стане тренер на „Сан Сиро“ и неговиот син верува дека тоа ќе се оствари.
„Мислам дека тоа време ќе дојде. Во моментов тој е среќен во Атлети, меѓутоа еден ден ќе дојде таму“, објаснува Аргентинецот.