Top Sport

„Во Ливерпул го добивме најтешкиот противник“

Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид Жоао Феликс смета дека Ливерпул е најтешкиот ривал што можел неговиот тим да го добие во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Ливерпул ја брани титулата во Лигата на шампионите, а оваа сезона овој тим бележи брилијантни резултати. Единствениот пораз оваа сезона Ливерпул го доживеа од Наполи во Лигата на шампионите.

„Ќе биде многу тешко. Ливерпул е најтешкиот ривал што можевме да го добиеме. Секако тешко ќе ни беше против било кого, но со Ливерпул е уште потешко“, рекол Феликс.

Првиот натпревар помеѓу Атлетико и Ливерпул ќе се одигра на 18 февруари во Мадрид.

Scroll to Top