Top Sport

Познат е терминот на последното „Ел Класико“ во сезоната

На 1 март од 21 часот Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Барселона во последното „Ел Класико“ оваа сезона, потврдија од Ла Лига.

Најголемите шпански ривали во првиот дел од сезоната, во Барселона, одиграа натпревар без голови. Тоа беше првиот нерешен резултат на вое два тима уште од 2002 година.

Дуелот што ќе се одигра на 1 март ќе биде дел од 26 рунда. Резултатот од овој натпревар би можел да го одреди идниот шампион на Шпанија.

Во моментов Реал се лидери со три бода повеќе од Барселона.

Овој викенд Реал ќе гостува кај Осасуна, додека Барселона има натпревар во Севилја против Бетис.

Scroll to Top