Top Sport

Јовиќ ќе го предводи „новиот“ Арсенал?

Челниците на Арсенал заедно со тренерот Микел Артета планираат во летниот преоден рок да направат целосна реконструкција на тимот. Први на продажба ќе бидат најголемите ѕвезди, а медиумите веќе шпекулираат со можните засилувања.

Англиските медиуми тврдат дека од актуелниот состав на „Емирејтс“ и наредната сезона ќе бидат Ектор Белјерин, Бернд Лено, Николас Пепе, Киран Тирни, Лукас Тореира и младиот Вилијам Салиба кој е позајмен од Сент Етиен.

Клубот ќе ги продава Пјер-Емерик Обамејанг, Александар Лаказет, Месут Озил, Хенрик Мхитаријан (игра во Рома на позајмица), Шкодран Мустафи и Гранит Џака.

Со продажбата на овие играчи Арсенал планираат да соберат пари со која ќе го подмладат тимот.

Шпекулациите се дека голема желба на Артета е Лука Јовиќ кој не успеа да се снајде во Реал. Исто така во Арсенал би останал и веќе позајмениот играч од Реал Дани Себаљос. Артета сакал да го задржи Себаљос и да го позајми Јовиќ, пресметал дека за таа намена ќе му биле доволни 70 милиони фунти.

Покрај овие двајца Арсенал ќе се обиде да ги донесе Вилфрид Заха од Кристал Палас, Дајо Упаменкано од Лајпциг и Бакари Сумаре од Лил.

Арсенал пресметале дека за да ги ангажираат овие петмина фудбалери ќе им бидат потребни 240 милиони фунти.

Scroll to Top