Top Sport

Аталанта по 27 години победи во Фиренца

Фудбалерите на Аталанта со пресврт во второто полувреме остварија победа на „Артемио Франки“ во Фиренца. Аталанта славеше со 2:1 што е прва победа за овој тим по пауза од 27 години на теренот на Фиорентина.

Фиорентина и Аталната одиграа добар, динамичен натпревар, а победата ја однесе екипата што подобро го одигра вториот дел.

Фиорентина дојде во предност со голот на Федерико Киеза во 32 минута. Италијанскиот репрезентативец испрати прецезен удар од 20 метри која заврши зад грбот на голманот на Аталанта.
На стартот на второто полувреме резултатот го израмни Колумбиецот Дуван Запата. Целосен пресврт Аталанта направи во 72 минута кога резервистот Малиновски го совлада Драговски со удар од 25 метри.

Аталанта со оваа победа остана на четвртото место на табелата со 42 бода,, три повеќе од Рома, додека Фиорентина е на 14 место.

Scroll to Top