Диего Коста го постигна третиот гол за Атлетико Мадрид да направи голема предност во четврт-финалето на Кралскиот куп со гостинска 0:4 победа кај каталонскиот третолигаш Леида.
Коста се врати во Атлетико од Челси уште во септември, но поради трансфер-забраната на шпанскиот клуб официјално беше претставен како играч на Атлети пред некој ден.
Атлетико победата ја обезбеди во првото полувреме, кога Годин и Торес постигнаа два гола за пет минути, по што Коста доби шанса да влезе во 64. минута, и само пет минути подоцна го зголеми водството. Ова е прв гол за Коста за Атлетико од април 2014, кога стрелаше против Челси во Лигата на шампионите. Реваншот на „Ванда Метрополитано“ се игра на 9 јануари.
Во вториот меч од 19 часот, Алавес исто така без проблеми со 1:3 го совлада тимот на Форментера.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.НАТПРЕВАР
Леида – Атлетико Мадрид 0:4
Форментера – Алавес 1:3