Челси денес ќе ги започнат преговорите со Сасуоло околу трансферот на Жереми Бога, објавија англиските медиуми.
Бога (23) оваа сезона има постигнато седум гола, бил стрелец на натпреварите против Милан, Јувентус и Рома. В неделата тој го постигна гол против СПАЛ во 92 минута со кој Сасуоло победија 2:1.
Од почетокот на сезоната за Бога се распрашувае Монако, Евертон и Наполи, но предност во евентуалниот трансфер ќе имаат Челси. Таква клаузула била вметната во неговиот договор кога челси за 3,5 милиони фунти пред две години го продале Бога во Сасуоло.
Доколку Челси го сакаат назад неговата цена изнесува 12,7 милиони фунти.
Наводно Челси биле сериозно заинтересирани да го вратат Бога во своите редови во летниот преоден рок.
Денес Марија Грановскаја ќе г започне преговорите околу трансферот на Бога со претседателот на Сасуоло Џовани Карневали.