Вирџил ван Дајк во јануари 2018 година од Саутемптон пристигна на „Енфилд“. Многумина сметаат дека тој трансфер е клуч на успесите на Ливерпул. „Црвените“ ја освоија Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, а не е далеку денот кога по 30 години ќе го прослават и трофејот во Премиер лигата.
Сопствениците на Ливерпул подготвувале нов договор за Ван Дајк. Намерата им била да покажат дека го ценат неговото влијание на теренот.
За Ван Дајк бил подготвен нов петгодишен договор. Со новиот договор било предвидено и зголемување на платата од 120.000 на 150.000 фунти неделно.
Инаку со новиот договор Ливерпул сакаат да се заштитат и од другите клубови. Медиумите шпекулираат дека Реал Мадрид покажувале сериозен интерес за холандскиот дефанзивец.