Поранешниот претседател на Барселона, Жорди Местре открива дека клубот последните неколку години се обидел да ги купи Тибо Куртоа и Алваро Мората, кои играа заедно во Челси, а сега се во двата мадридски клубови.
Голманот Куртоа бил „мета“ во 2013 година, уште додека беше голман на Атлетико Мадрид, пред да замине за Челси, а потоа и за Реал Мадрид. Мората пак, бил „мета“ во јануарскиот преоден рок во 2019, пред да се договори за трансфер од Челси во Атлетико.
„Имаше многу размислувања за потписот за Куртоа, но на крајот го донесоа Марк-Андре Тер Штеген без согласност на тогашниот директор на фудбал, Андони Зубизарета. Со Мората пак, проблем беше потенцијалниот конфликт во соблекувалната – тој ќе сакаше да игра, а ние сакавме да го користиме како резерва. Тој не сакаше да биде резерва, а атмосферата во тимот беше многу добра и ќе се нарушеше со неговото пристигнување“, вели Местре.
Местре беше потпретседател на клубот од 2014 до летото 2019 година, кога си замина поради „професионални причини“, а неодамна изјави дека бил „изолиран“ во клубот.
„Водев битка која не можев да ја добијам. Имав различни мислења од другите членови на бордот и сфатив дека морам да заминам“, вели Местре.