Атлетик Билбао стигна до 1:0 победа над Гранада во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот куп, со што ги очекува незгодно гостување во јужна Шпанија за да осигураат пласман во борбата за големиот трофеј.
Единствениот гол на мечот го постигна Икер Муниаин во 42. минута од мечот, откако доби фантастична асистенција од Ињаки Вилијамс за радост на „Сан Мамес“.
Во второто полуфинале од шпанскиот куп играат големите баскиски ривали на Билбао, Реал Сосиедад против второлигашката сензација Мирандес.