Фудбалерите на Црвена звезда со победа го започнаа вториот дел од сезоната во Супер лигата на Србија. Лидерот на табелата победи со 2:0 на теренот на Чукарички.
Црвена звезда експресно го реши дуелот на кој официјално деби имаше новиот тренер Дејан Станковиќ. Првиот гол го постигна Николиќ во петтата минута, а вториот во 14 минута на Петровиќ е вистинско ремек-дело.
Играчот на Црвена звезда го погоди голот на Чукарички со спектакуларен удар од 30 метри.
Њ е г о ш ??? pic.twitter.com/g2Kdh4n4Uz
— Šareni (@sareniii) February 15, 2020