Херта Берлин се наоѓаат во незавидна положба да мораат да бараат тренер во средина на сезоната по неочекуваното заминување на Јирген Клинсман, откако му беа обезбедени рекорди средства за засилувања во јануарскиот преоден рок.
Спортскиот директор на клубот, Михаел Прец во моментов ги разгледува опциите за иднината и признава дека поранешниот тренер на Баерн Минхен и на хрватската репрезентација, Нико Ковач е еден од посериозните кандидати.
„Сите знаат дека Нико е роден во Берлин и во минатото играше за Херта. Тој заврши одлична работа во Бундеслигата во последните три и пол години со Ајнтрахт и со Баерн Минхен. Секако, тој ќе добие многу понуди“, вели Прец во интервју за „Скај спортс“.