Фудбалерот на Ливерпул Емре Џан ќе биде првото засилување на Јувентус во летниот преоден рок. Германскиот репрезентативец во Торино ќе стигне како слободе играч.
Јувентус имаше намера да го донесе Џан во овој преоден рок но Ливерпул ја одби понудата од девет милиони евра.
Гермнскиот репрезентативец веќе потпишал преддоговор со својот нов клуб, а Јувентус ја продолжи клупската политика да носи квалитетни фудбалери без притоа за нив да плати обесштетување.
Изминатите години на сличен начин во Торино пристигнаа Пол Погба, Патрис Евра, Дани Алвеш, Сами Кедира, Андреа Пирло, Фернандо Љоренте, Кингсли Коман…
Emre Can has decided to join Juventus in June – now confirmed by the very reliable @DiMarzio from Sky Sport Italia. pic.twitter.com/lvBlSkjxg7
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) January 4, 2018