Top Sport

Вието полусезоната ќе ја мине во Валенсија

Лусијано Вието го напушти мадридски Атлетико и до крајот на сезоната ќе настапува во Валенсија.

Трансферот не наиде на одобрување кај клупските челници и тренерот Диего Симеоне бидејќи Вието ќе го засили нападот на еден од директните конкуренти на Атлетико во борбата за шампионската титула.

Сите на „Ванда Метролопитано“ се незадоволни бидејќи Вието во последен момент ја смени одлуката кога клубот веќе се договори со Спортинг да го испрати напаѓачот како заем во Лисабон.

24-годишниот напаѓач беше незадоволен од минутажата што ја добива од тренерот, која дополнително ќе му беше намалена по трансферот на Диего Коста.

Вието на 25 натпревари за Атлетико постигна само еден гол. Тој минатата сезона ја мина како позајмен играч во Севилја.

Scroll to Top