Top Sport

„Ти си лажго“ – порака од фудбалски ѕвезди за братот на Балотели (Видео)

Марио Балотели веројатно е најконтроверзниот фудбалер на денешницата поради глупостите што знае да ги направи на теренот и надвор не успеа да направи кариера каква што му предвидуваа стручњаците.

Супер Марио изминатите две сезони во Ница успеа да си ја спаси кариерата, сериозно гледа на обврските, а деновиве покажа дека не заборавил да се шегува.

Марио на „Инстаграм“ објави видео што нема да му се допадне на својот помлад брат Енок.

За што се работи? Марио вели дека го победил својот брат на популарната игра ФИФА, но Енок тоа не сака да го признае. Балотели ги ангажирал своите пријатели, сите големи ѕвезди во фудбалскиот свет, да му порачаат на неговиот брат Енок дека е лажго.

Радамел Фалкао, Марко Матераци, Адријано Галијани, Нејмар, се само некои од имињата што се појавуваат во видеото.

Scroll to Top