Фудбалер на саудискиот тим Ал-Ноџум си направи големи проблеми откако прославуваше гол со „даб“, потег кој е забранет во кралството Саудиска Арабија.
„Даб“, потег кој се верува дека потекнал од хип-хоп сцената во Атланта, САД, во последните години е феномен низ целиот свет, со илјадници фотографии споделени од фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, до норвешкото кралско семемејство. Во Саудиска Арабија овој потег е забранет поради поврзаноста со дрогите. Неодамна во арапската земја се појавија постери со предупредување за „опасностите на овој потег на младината и општеството“.
„Инцидентот“ се случи во мечот од Купот на шампионите меѓу Ал-Ноџум и Ал Вехда, и победата на Ал-Ноџум беше во сенка на твитер-активноста околу видеото.
Минатата година, еден популарен саудиски пејач, Абадалах ал-Шахани, го направи потегот на фестивалот Таиф, по што веднаш беше уапсен, а потоа морше да се извинува. Не е јасно каква „судбина“ го чека фудбалерот.
?#الوحدة_النجوم #دوري_بلس pic.twitter.com/niD2b8ncC9
— دوري بلس (@dawriplusksa) January 3, 2018