Менаџерот на Челси, Антонио Конте го потсети ривалот од Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо дека и тој има обичај да се однесува како „кловн на клупата“.
Мурињо одговарајќи за неговото одбивање да ги прославува сите голови на Јунајтед, посочи дека дел од неговите ривали се однесуваат како „кловнови“, а очигледно ова се однесување на Конте и на Јирген Клоп за нивното страсно однесување. Италијанскиот стратег на Челси не беше импресиониран.
„Мислам дека Мурињо можеби зборувал за самиот себе во минатото. Понекогаш е лесно да се заборави што си правел ти претходно. Не знам како го викаат тоа, деменција, сенилност, кога забораваш што си правел во минатото“, одговори Конте кратко на провокацијата.
Мурињо одговарајќи на шпекулациите дека планира заминување од „Олд Трафорд“, влезе во офанзива.
„Бидејќи не се однесувам како кловн значи дека ја загубив страста? Повеќе сакам да работам како што работам, позрело, подобро за мене и за клубот. Не морам да бидам луд на линијата. Начинот на кој личноста е посветена на својата работа нема врска со тоа што гледате на камерите“, вели Мурињо.