Проблемите на Реал Мадрид со повредите се зголемија, откако капитенот Серхио Рамос се повреди и ќе биде во аут најмалку две недели.
Дефанзивецот има повреда на потколеницата, која доаѓа во незгодно време, кога Реал ќе се обиде да ја надополни разликата од 14 поени од лидерите Барселона со натпревар помалку, и веќе во недела ќе мора да издржи на гостувањето во Галиција без Рамос, суспендираниот Дани Карвахал и повредениот напаѓач Карим Бензема.
Рамос исто така ќе го пропушти домашниот меч со Вилјареал на 13 јануари и потоа реваншот против Нумансија во Кралскиот куп.
Отсуството на Бензема му дава шанса на велшкиот репрезентативец Герет Бејл да го има првиот старт во Ла лига по три месеци против Селта откако одигра 61 минута против Нумансија, а постигна и еден гол од пенал.