Top Sport

Венгер казнет со три меча и 40.000 фунти

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер доби казна од три меча и 40.000 фунти по „конфликтот“ со судијата Мајк Дин во соблекувалните по 1:1 ремито со Вест Бромвич Албион на „Хоторнс“.

Шефот на „топчиите“ беше лут на одлуката на Дин да им додели пенал во финишот на натпреварот на Вест Бром по игра со рака, и веднаш по мечот отишол во соблекувалната на судијата за да се расправа.

Според „Мирор“ тука биле искажани тешки зборови и Венгер го „навредил интегритетот“ на Дин. Венгер на прес-конференцијата изјави дека Дин „видел тоа што сакал да го види“.

Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека се земала во предвид и претходната казна од 4 меча за Венгер минатата сезона кога го турна судијата Ентони Тејлор во мечот против Барнли, нарекувајќи го „нечесен“ и порачувајќи му да се е.е.

Венгер ќе биде казнет за коментарите за судијата Дин

Scroll to Top