Top Sport

Звезда поради Младиќ без публика, Партизан се „извлече“

Црвена звезда е казнета со еден натпревар без публика во шестнасетфиналето на Лигата на Европа против ЦСКА Москва, додека Партизан доби само финансиска казна и ќе може да има навивачи на дуелот со Викторија Плзењ.

Покрај празниот стадион и покрај 30-те илјади продадени билети за тој меч, Звезда ќе плати казна од 50.000 евра. Казната доаѓа по скандирањето за воениот злосторник Ратко Младиќ на мечот против БАТЕ Борисов во Белорусија.

„Искрено, ние сме изненадени од одлуката. Во текот на есента покажавме дека сме одговорен клуб и дека правиме сè да имаме добри мечеви. Ова не влијае добро на растот на фудбалот во Србија и се надевам дека нашата жалба ќе се уважи“, вели Златан Терзиќ од Звезда.

Од друга страна, Партизан помина без суспензија поради расистичкото однесување на навивачите и користењето пиротехника на натпреварите со Скендербеу и Јанг Бојс во групната фаза на ЛЕ. „Црно-белите“ ќе мора да платат 30.000 евра.

Scroll to Top