Top Sport

Тевез по третпат се врати во Бока

Карлос Тевез по третпат се врати во својот клуб од детството, Бока јуниорс, откако ја заврши кинеската авантура во Шангај Шенхуа, објави аргентинскиот гигант.

Тевез, кој ќе наполни 34 години следниот месец, се сретна со тренерот Гијермо Барос Скелото и веднаш почна со тренинзи во комплексот „Лос Кардалес“.

„Тевез се врати дома. Денеска се приклучи на тимот на Гијермо и веќе тренира со своите колеги“, објавија од Бока.

Клубот не објави детали за договорот, со кој по третпат се враќа во Бока, откако прво играше од 2001 до 2004, освојувајќи го Копа Либертадорес, пред да замине во бразилски Коринтијанс, пред да има успешен период во Англија, прво во Вест Хем, а потоа и во Манчестер јунајтед и во Манчестер сити (освојувајќи титули со двата клуба).

Тој освои две скудета со Јуве во 2014 и 2015, пред кратко да се врати во Бока, за во јануари 2017 да потпише договор со Шангај Шенхуа, каде што беше најдоброплатениот фудбалер на светот.

Scroll to Top